*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
СИТЕ имаме тенденција да манипулираме со другите понекогаш. Тоа е вештина што ја развивме со текот на времето за да ги прикриеме нашите недостатоци и да ги претвориме работите и ситуациите во наша корист. За некои луѓе тоа е суптилна тактика што ја користат само кога е потребно, додека за други стана нормален начин на функционирање во општеството. Дознајте во кои знаци се родени најманипулативните луѓе.
Скорпија
Тие се мистериозни, недоверливи и молчеливи, па ни најблиските не знаат што се случува во нивните глави. Страсни се и имаат интензивни емоции, но тоа вешто го кријат. Кога нешто сакаат, ќе се погрижат да се оствари. Трпеливо ќе ја обработуваат личноста со која сакаат да манипулираат со денови, недели, па и месеци, која на крајот нема ни да се посомнева дека сè направила точно како што планирала Скорпијата.