Оваа временска прогноза се предвидува до крајот на неделата

Следните денови ќе преовладува променливо време со температури околу просекот за овој период од годината. Утринските температури ќе се движат од 4. до 14. степени, а дневните ќе достигнат до 26. степени.

Во Македонија времето главно ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до девет, а дневната од 19. до 26. степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25. степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во среда (можеби и петок), особено во јужните делови од земјава.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …