Отворена изложба од Родољуб Анастасов

„ВИЗИИ-Глава полна со луѓе” е изложбата со дела од доајенот на македонското сликарство, Родољуб Анастасов што беше отворена денeс во ликовната галерија од ЦК” Марко Цепенков” Прилеп.

Претставени се досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати.
Изложбата ја отвори кураторот Јасминка Намичева.


-Анастасов успева да извади од својата меморија луѓе кои биле дел од неговиот живот.Суштината на ифејата е дека животот е минлива работа и дека човекот секогаш е прилагодлив на ситуациите и дека тоа остава трага врз сите нас – рече Намичева.

Изложбата, ЦК „Марко Цепенков” ја реализира во соработка со неформалната мрежа на музеи Музеум Линк.


Големиот уметник Родољуб Анастасов, еден е од најважните во современата македонска уметност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …