Од отпад, до уметничко дело! Започнува TrashForArt 2024

Собирај амбалажен и електронски отпад, и отпадни батерии, направи уметничко дело и стани дел од иницијативата за почиста и поздрава средина на Пакомак, Нула Отпад и Прилепска Пиварница. За делата направени само со електронски отпад следува специјална награда од Нула Отпад ДОО Скопје, додека за делата изработени од амбалажен отпад на Прилепска Пиварница, следува специјална награда од компанијата.

Конкурсот трае од 26.01.2024 до 26.02.2024 година. Сите скулптури ќе треба да се достават или испратат по карго служба во Кинотека на Република Северна Македонија, во Скопје („Другарче”, наспроти средното училиште „Никола Карев”) на 26.02.2024 или 27.02.2024 година до 16 часот.


Награди:
Наградниот конкурс „Trash for art 2024“ е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории:
– градинки
– основни училишта
– поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)
Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво, второ и за трето место.

Поединци и останати институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)
1 место награда – 30.000 денари
2 место награда  – 20.000 денари
3 место награда – 10.000 денари


Основни училишта
1 место награда – 30.000 денари
2 место награда  – 20.000 денари
3 место награда – 10.000 денари

Градинки
1 место награда – 30.000 денари
2 место награда  – 20.000 денари
3 место награда – 10.000 денари


Специјална награда од Нула Отпад ДОО Скопје за скулптура од електронски отпад 30.000 денари.

Специјална награда од Прилепска Пиварница за скулптура од амбалажен отпад од Прилепска Пиварница:
30.000 денари

Правила:
· Делата треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 см.
· За уметничко дело од електронски отпад треба да се употребат минимум три дела од електронски отпад и отпадни батерии.
· Под амбалажен отпад се подразбираат: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажа од козметика и од средства за чистење, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак, кеси од чипс, обвивки и сл.
· Под електронски отпад се подразбираат: мобилни телефони, кабли, полначи, цедиња, матични плочи, сијалици, екрани, таблети, поточно сѐ што работи на струја или батерии, а повеќе не Ви е потребно.
· Еден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда.
· Сите учесници кои ќе направат скулптура од електронски отпад или од амбалажен отпад од Прилепска Пиварница ќе можат за истата скулптура да добијат награда и во категоријата за специјални награди и во останатите три категории на конкурсот.
· Делата треба да се достават на 26.02. 2024 и 27.02.2024 година, во Кинотека на Република Северна Македонија, во Скопје.
· На веб-страницата на „Пакомак“ ќе биде објавено кои дела се наградени и тие ќе останат во сопственост на „Пакомак“.
· Недобитните дела ќе може да се подигнат на 29.02 и 01.03.2024 година до 16 часот. Недобитните дела кои нема да бидат подигнати до 01.03.2024, Пакомак нема обврска да ги чува и истите ќе бидат рециклирани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …