Отворен Едукативен тренинг центар на Црвен крст на Република Северна Македонија за обука на возрасни во Скопје

Црвениот крст на Република Северна Македонија денес го отвори новиот Едукативен тренинг центар за обука на возрасни во Скопје.
На отворањето на центарот се обратија генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити и Министерката за образование и наука г-ѓа Мила Царовска.
Од страна на министерката беше истакнато значењето на отворање на ваков вид на едукативни центри за обука, преку кои се обезбедува висок квалитет на учење и можности за стекнување на квалификации во согласност со потребите на населението.
Генералниот секретар за заблагодари на Австриското Министерство за социјална работа, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австрискиот Црвен крст за обезбедената поддршка во опремување и функционирање на центарот. Особено беше нагласена благодарноста кон Министерството за образование и наука, центарот за образование на возрасните, како и партнерите кои обезбедуваат силна поддршка за развој на посебни верификувани програми на Црвениот крст за обука на возрасните за стекнување на знаења, вештини и компетенции и создавање на квалитетна и конкурентна работна сила на пазарот на трудот со што се придонесува во зголемување на вработливоста, а со тоа и придонес во економскиот, општествениот и личниот развој.

This image has an empty alt attribute; its file name is crven-krst.jpg
Во досегашниот период започнувајќи од 2017 година, преку Црвениот крст обучени се вкупно 750 невработени лица кои се стекнале со сертификат за соодветна квалификација. Со зголемен број на едуцирани кадри се зголемуваат можностите да се опфати поголем број на граѓани кои ќе добиваат соодветна нега и помош во своите домови и во заедницата. Од друга страна пак ќе се влијае на неколку општествени придобивки – можност лицата кои се невработени да се стекнат со квалификација и да бидат по конкурентни на пазарот на труд, придобивки за вработување на ранливото население, и особено, со испорака на квалитетни социјални услуги ќе се влијае на подобрување на здравјето и добросостојбата на граѓаните во заедниците.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …