Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Fuego , бренд кој претставува врвен квалитет и неуморен ангажман на пазарот повеќе од 25 години, воден од потребата за иновација и одржување на блиски врски со клиентите, ја лансираше новата линија телевизори со лиценциран Google TV.

Како дел од BALFIN Group, една од најголемите и најпрестижните корпорации во регионот, FUEGO претставува синоним за иновација и постојан напредок.


Со новата серија на телевизори 720GTV со вградена Google TV платформа, го подигнува стандардот на повисоко ниво и нуди неверојатно искуство на гледање. Оваа иновативна платформа ви овозможува пристап до милиони филмови, серии, музика и игри, на само неколку кликови одалеченост, вклучувајќи ги и популарните сервиси како Netflix, Disney+, Hulu, Amazon Prime Video и други.

Платформата користи алгоритми за препорака кои ги анализираат вашите преференции и навики за гледање, за да ви обезбедат персонализирани препораки за филмови и серии. Исто така, Google TV  e интегриран со други Google услуги како Google фотографии и Google Drive, што им овозможува на корисниците да пристапуваат до своите фотографии и видеа од различни извори.


FUEGO ви нуди модели со различни димензии на екранот за да може да го изберете она што најдобро им одговара на вашите потреби и просторот во вашиот дом, а истите можете да ги набавите во продажните салони на НЕПТУН и големопродажните партнери на FUEGO.

Одберете го FUEGO – бренд кој се развива со вас и за вас и доживејте вистинско уживање во гледањето!


 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung со особено задоволство го најавува настанот Galaxy AI Café, уникатно искуство кое пристига на …