Во последната улога, онаа на Шекспировиот Крал Лир, познатиот Оскаровец и актерски ветеран Ентони ХОпкинс отелотворува човек кој има „комплициран“ однос со ќерките, а се чини дека слично сценарио пресликал и во неговиот приватен живот.
Според пишувањето на британските медиуми, осумдесетгодишниот Хопкинс со својта ќерка Абигејл не разговара веќе 20. години.
Толку многу се оддалечиле што не знаел ниту дали има или нема внучиња.
Вели дека не му е битен семејниот раскол и признава дека е доста индиферентен кога станув збор за неговата 48. годишна ќерка Абигејл Харисон. И’ таа е глумица, режисерка и пејачка, но според сопственото признание славното признание го променила за да не „и пречи во самостојната кариера“.
На новинарско прашање дали Абигејл има деца Хопкинс вели:„Немам поим. Луѓето ги прекинуваат односите и врските. Семејствата се раздвојуваат и …знаете…понатаму продолжувате со својот живот. Луѓето имаат сопствени избори. Сеедно ми беше – вака или онака. С’ е тоа многу отуѓено. Бидејќи и животот е таков“.
Абигејл Харисон била воспитувана и одгледана од својата мајка, првата сопруга на Сер Ентони Хопкинс, Петронела Баркер, откако парот се развел кога таа имала четири години.
Откриена мрачната семејна тајна на Ентони Хопкинс
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.