Поради временските услови фестивалот „ЕНТЕР ФЕСТ“ се одложува за 29. август до 2. септември

Најголемиот музички спектакл кој беше најавен дека ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на надворешната и внатрешната сцена, поради лошите временски услови на најавените датуми, ќе се одржи од 29. август до 2. септември.

„Поради целиот концепт на фестивалот, од особено значење се поволните временски услови за да не дојде до пречки во програмата најавена на Ентер Фест. Тоа е причината поради кој се одлучивме овој голем музички настан да започне на 29. август и да трае до 2. септември. Го избравме овој период од летото бидејќи временските услови ќе бидат одлични, а публиката ќе биде вратена од годишните одмори. Тоа што го најавувавме ќе биде реализирано, како и многу други изненадувања, се со цел љубителите на музиката да доживеат вистинско музичко уживање. Се гледаме на Ентер Фест!“, велат организаторите.


Сите купени билети за петдневниот фестивал ќе бидат валидни и за новиот термин на Ентер Фест.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …