Откриен нов вид на коронавирус – „Делтакрон“

Можна варијанта на хибрид на ковид 19 се појавил на Кипар, пренесува Блумберг.
Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече видот „делтакрон“ поради неговите генетски потписи слични на омикронот во делта геномот, наведува Блумберг.
Кострикис и неговиот тим досега откриле 25. случаи на вирусот, се вели во извештајот. Прерано е да се каже дали има повеќе случаи на сојот или какви може да бидат последиците.
„Ќе видиме во иднина дали овој вид е попатолошки или позаразен“ во однос на двата доминантни соеви, делта и омикрон, рекол Кострикис во интервју за Sigma TV во петокот. Тој верува дека омикрон ќе биде позаразен од делтакрон, додал тој.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …