ОСВЕТА – ЗАРАБОТУВААТ НА ТУЃА НЕСРЕЌА: Сајт за возрасни протифира од снимки кои мажите ги објавуваат да им се ОСВЕТАТ НА ДЕВОЈКИТЕ!

Администраторите на популарна страница за возрасни прават пари од нечија несреќа со тоа што не ја отстрануваат таканаречената „осветничка“ порнографија, пренесува BBC.
Се’ започнало кога една жена по име Софи била разочарана што стотици илјади корисници го гледале нејзиното интимно видео, кое завршило на контроверзната страница без нејзино знаење.
Групата, која ја започнала кампањата под симболичкото име „Не твоето порно“, издала изјава во која се вели дека сопствениците на страниците заработуваат дополнителни приходи од рекламирање преку ваква содржина.
Добро познатата порнографска страница ги негирала овие обвинувања, остро ја осудила „осветничката порнографија“ и додале дека водат најнапредна политика против ваквите содржини.
Во соопштението на страницата се наведува дека е направена соработка со Софи и дека се вложуваат сите напори да се отстрани штетата што и е предизвикана.
Шокирана и засрамена

Споменатата Софи (не е нејзиното вистинско име) за Би-Би-Си изјавила дека тој кобен ден го поминувала времето со семејството кога нејзиниот телефон одеднаш почна да ѕвони. Тогаш дознала дека дечкото на нејзината сестра ја видел на најпопуларната порнографска страница во светот. Нејзината снимка била меѓу првите десет со неколку стотици илјади прегледи.
„Се чувствував шокирано, непријатно и повредено“, рекла таа.
Тогаш Софи признала дека направила шест видеа со своето момче пред неколку години. Таа подоцна раскинала со него, но никогаш не му дала согласност да ги објави видеата.
Од шест вакви снимки, направени се стотици нови кои експресно се шират преку Интернет. Тогаш, Софи се јавила во  страница за да ги отстрани видеата. Бидејќи тоа не се случило, таа била принудена да контактира со полицијата. Ниту тоа, како што излезе, не било од помош.
Како  овој немил настан влијаел во семејните односи?
До моментот кога Софи дознала за контроверзното видео, таа била во нова врска, што дополнително го оптоварило нејзиниот однос со партнерот. Таа за Би-Би-Си открила дека нејзините пријатели го исмеваат нејзиното момче за сè што се случило. Работите за бидат полоши, Софи е мајка на тинејџерка, за која вели дека „повеќе не е иста“ бидејќи снимките завршија на Интернет.

Kurir.rs/BBC
Фото: Илустрации

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …