ОПШТИНА ЦЕНТАР – Герасимовски: За 100 семејства по 7000 денари парична помош за новороденчиња

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата кои имаат принова и лично им ги врачи решенијата со еднократна парична помош во вредност од 7.000 денари. На средба со семејствата, Герасимовски однесе пригодни подароци и посака добро здравје и среќно и безгрижно детство за новороденчињата.

This image has an empty alt attribute; its file name is Доделување-еднократна-помош-за-новороденчиња-4.jpg
Оваа недела Општина Центар исплати 100 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче. Оваа парична помош, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.


This image has an empty alt attribute; its file name is Доделување-еднократна-помош-за-новороденчиња-1.jpg
Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите, кои претставуваат најголема радост за секое семејство. Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

This image has an empty alt attribute; its file name is Доделување-еднократна-помош-за-новороденчиња-2.jpg


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …