Општина Чаир го одбележа 1 јуни – Децата се светлината на нашите очи

По повод 1 јуни, Меѓународниот ден на децата, денес градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ги посети учениците од прво одделение на ООУ „Васил Главинов”.  Тој истакна дека му претставува големо задоволство, но и почувствувал позитивен дух од децата на оваа институција кои се од различна етничка припадност.


“На децата им подарив симболични подароци и им упатив порака дека тие се најголемото богатство, се нашата благосостојба, тие се иднината. Децата се светлината на нашите очи, затоа мора да ја зачуваме оваа светлина и да ја направиме уште посветла, бидејќи само така можеме да одиме напред”, рече Ганиу.


За време на посетата на ова училиште тој реализираше и состанок со директорката Елита Демири, при што разговарале за напредокот на воспитно-образовниот процес, како и за чекорите што се преземаат за модернизирање на наставата и учењето во ООУ „Васил Главинов”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …