Операта „Боеми“ од Џакомо Пучини вечерва во Националната Опера и Балет

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Националната Опера и Балет, ќе биде изведена операта „Боеми“ од Џакомо Пучини.

„Боеми“ е опера во четири чина од Џакомо Пучини напишана е по италијанското либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоса. Либретото се базира на романот „Животот на боемите“ од Хенри Мургер. Светската премиера на операта е одржана на 1 февруари 1896 во Торино, Италија, диригирана од младиот Артуро Тосканини.


Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, а без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски.

Диригент е Бисера Чадловска режијата е на Дејан Прошев, сценографијата на Зоран Николовски, а костимограф е Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ.


Настапува домашна солистичка екипа: Ѓорѓи Цуцковски, Благица Поп Томова, Марјан Јованоски, Драган Ампов, Александар Стефаноски, Билјана Јосифов, Невен Силјановски, Борко Биџовски, Јане Дунимаглоски, Александар Никодиновски, Тихомир Јакимовски, Ема Гиновска во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Билетите можете да ги набавите на билетарницата на НОБ и онлајн на: www.operabalet.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …