Од Кабул полетал скоро празен авион – погледнете! „Не можеме да очекуваме сите да ползат низ канализацијата“

По социјалните мрежи се споделува фотографија со скоро празен авион кој полетал од Кабул.


Фотографијата ја објави новинарот на Си-Ен-Ен, Александар Маркарт, кој во твитот рекол дека тоа е еден од трите чартер летови платени од Џорџ и Марија Аби-Хабиб, ко-основачи на Сајара Интернационал, со седиште во Вашингтон. Таа компанија работи во Авганистан долго време.
Позадината на приказната за празниот лет ја објаснил Џорџ Аби-Хабиб за Wall Street Journal.
Тој рекол дека платил чартер лет, со кој сакал да ги префрли Авганистанците во Уганда, но проблемите настанале на аеродромот во Кабул. Американските маринци што го чувале влезот на аеродромот одбиле да ги пуштат Авганистанците кои имаа право да се качат на авионот. Жена со потекло од Уганда морала да ползи низ канализациона цевка за да влезе на аеродромот, изјави Аби-Хабиб за WSJ.
„Не можеме да очекуваме сите да ползат низ канализацијата“
Откако со денови се обидувал да го реши проблемот, Аби-Хабиб морал да полета од Кабул со авион со 345 места со само 50 патници.
„Не можеме да очекуваме сите да ползат низ канализационата цевка. Времето истекува”, рекол Аби-Хабиб.
Wall Street Journal наведува дека нешто слично се случило со чартер лет што требало да оди за Украина. Околу 40 Авганистанки кои имале право да се качат на летот не биле пуштени на аеродромот, не биле пуштени од американските маринци. По два дена, авионот со 240 седишта полета со околу 70. празни места.

Фото: Принтскрин/Twitter/Alexander Marquardt


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …