Од четврток до недела КНИГИ НА „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ НА САЕМОТ НА КНИГАТА ВО ПЕКИНГ

На Меѓународниот саем на книгата во Пекинг, Кина, кој започна денес (15 јуни), а ќе трае до недела (18 јуни), на штандот на издавачот „Делфин книги“ се изложени и изданија на „Македоника литера“ на македонски јазик.
„Македоника литера“, во соработка со својот партнер „Делфин книги“ од Пекинг, специјализиран издавач за литература за деца, кој работи во рамките на корпорацијата ЦИЦГ (China International Publishing and Comunication Group – CICG) досега публикуваше 18 книги од серија „Најдобрата кинеска литература за деца“, серија од пет книги со најдобрата проза на најчитаниот жив писател за деца во светот Шен Шиси, серија од пет книги „Кинески народни приказни“, а со две книги неодамна ја започна и серијата „Најдобрата фантастична кинеска литература за деца“.


This image has an empty alt attribute; its file name is BIBF_2023-2.jpg
Книги на македонски јазик во издание на „Македоника литера“ се изложени и на штандот на најголемиот кинески издавач за образовна и јазична литература ФЛТРП (Foreign Language Teaching And Research Press – FLTRP), кој работи во рамките на Универзитетот за странски јазици во Пекинг. На штандот на овој издавач се изложени дел од сериите за клучните концепти во кинеската мисла што последниве години ги публикуваше „Македоника литера“.
Книги на „Македоника литера“ на штандовите на своите кинески партнери на овој саем се изложуваат од 2018 година до денес.

Инаку, Меѓународниот саем на книгата во Пекинг (https://www.bibf.net/en/) е вториот по големина саем на книгата во светот – според бројот на излагачите, а прв според бројот на посетителите. Овој саем има е интернет верзија, која трае во текот на целата година, а на овој е-саем свој е-штанд има и „Македоника литера“.
„Македоника литера“ досега има публикувано повеќе од 60 кинески книги, првенствено од областа на литературата за деца и кинеската филозофија и култура. Член е на Асоцијацијата на издавачи 17 +1 уште од основањето (2018)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …