Дневен хороскоп за петок, 16.06.2023: Авантурата може да ве доведе во непријатна ситуација. Подобро е да се одлучите за добро познатото друштво…

Овен
Љубов:
Вашиот изглед или стил има предизвикувачки ефект врз саканата личност, што е добар љубовен предзнак. Ќе уживате во нечие блиско друштво.
Работа:
Доколку ви недостасуваат сигурни информации за деловните можности, не давајте несериозни ветувања, туку побарајте нечие посредување.
Здравје:
Важно е правилно да ја канализирате вашата креативна енергија.

Бик
Љубов:
Во емотивниот живот не успевате да привлечете нечие внимание, дури ни со помош на мали трикови кои лукаво ги смислувате.
Работа:
Средбата со една личност не ги исполнила вашите високи очекувања, па размислете за алтернативно решение.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат.


Близнаци
Љубов:
Бидете упорни пред партнерот, не ги потиснувајте вашите емотивни желби и потреби.
Работа:
Вашите зборови не се доволна гаранција да оставите позитивен впечаток кај личноста која одлучува за деловните интереси.
Здравје:
Нема причина да се оптоварувате со непотребни сомнежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 22.02.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Типични претставници на Овен имаат одличен работен ден пред нив. Со добра организација …