НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Концерт на Чалгија саунд систем

На 10 јули 2021 / сабота/ од 20.30 ч. на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи групата Чалгија Саунд Систем. Концертот е во рамките на годишната програма на Центарот за 2021 година, поддржана од Министерството за култура.

Групата Чалгија саунд систем, формирана во 2008 година има за цел да одржи чалгискиот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми , кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата, а од друга страна, да го земе чалгискиот израз како основа за создавање на современа музика која  е во духот на чалгиската традиција, со што на одреден начин и ја продолжува традицијата. Има издадено неколку албуми и реализирано бројни концерти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Танцовите перформански „Табу република“ и „Напуштена иднина“ вечерва на Танц Фест 2024

Вечерва во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот, во рамките на јубилејното издание …