Златниот ретривер Бејли е едно од најнежните кучиња што некогаш ќе ги видите.
Неговите сопственици ја забележале првата средба на Бејли со неколку пилиња. Кучето на почетокот им пришло љубопитно, но претпазливо, по што се сместил покрај нив на каучот.
Бејли ги гледал веселите пилиња како на крајот одлучиле да се сместат на кучето. Тој лежел трпеливо и мирно додека пилињата уживале во играта.
Видеото собра над милион прегледи на YouTube.
„Колку е само нежен“, „Колку и да се мали животните, Бејли е секогаш внимателен“, „Како се укочи додека беа на него за да не ги повреди случајно“, „Не сум видел ништо поубаво“, се само некои од коментарите.
Фото: Принтскрин/YouTube