НОВИ ФОТОГРАФИИ – И’ покрај критиките за последната кампања, Хајди Клум повторно позирала со својата ќерка во долна облека

Хајди Клум и нејзината ќерка Лени повторно позираа во долна облека за кампањата на брендот Intimissimi, откако многумина претходното снимање мајка и ќерка го опишаа како „вознемирувачко“.
Хајди (49) и нејзината ќерка Лени (18) носеа соодветна црвена долна облека додека учествуваа во снимањето за новата кампања на Intimissimi.
Манекенката ја покажа својата затегната фигура додека носеше полупроѕирна долна облека од тантела, додека Лени носеше сатенска пижама од чипка.


Претходната кампања многумина ја карактеризираа како доста вознемирувачка, а некои ја обвинија Хајди дека ја искористува нејзината ќерка тинејџерка.
Додека едни ја критикуваа манекенката, други ја бранеа со оправдување дека низа познати жени ги „излагале“ своите ќерки во јавноста преку ваков тип на фотографирање.

View this post on Instagram

A post shared by oe24 (@oe24.at)



И’ покрај бурните реакции, Лени – која неодамна се пресели во Њујорк од Калифорнија на колеџ – инсистира дека е задоволна од тоа како поминало снимањето и одлучила да ги игнорира реакциите.
Таа, исто така, ја пофалила нејзината мајка, велејќи дека таа е нејзината „инспирација“ и признала дека се забавувале заедно позирајќи пред камерата.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …