Новата театарска комедија „Внимавај што посакуваш“ гостува во Скопје

Вечерва во Националната Опера и Балет, со почеток во 20:00 часот ќе може да ја погледнете новата театарска комедија „Внимавај што посакуваш“.

Играат: Радован Вујовиќ, Александар Радојичиќ и Александра Томиќ


Претставата „Внимавај што посакуваш“ е создадена според мотивите на “The love list“ на Норм Фостер. Оригиналниот текст на претставата за прв пат беше изведен во 2003 во Кананок, Онтарио.

Што се случува кога двајца мажи, чии ликови ги толкуваат Александар Радојичиќ и Радован Вујовиќ, ќе паднат во замката да ја бараат совршената жена?


Со интелигентен хумор, одличен заплет и сериозна дилема – дали има идеален партнер, талентираното актерско трио заедно со Александра Томиќ секогаш ја воодушевува публиката каде и да се игра оваа одлична комедија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …