НОВАТА КОМЕДИЈА TE DUA, ЖИМИ МЕНЕ НАСКОРО ВО СИНЕПЛЕКС

На 21 септември во киното Синеплекс во Скопје ќе биде прикажана премиерата на филмот Te Dua, Жими Мене. Станува збор за комедија во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов.

Актерската екипа ја сочинуваат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Исмаил Касуми, Мими Таневска, Владо Јовановски, Мирсад Абази, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Елдин Широки и Береда Решит.


Филмот раскажува приказна за тројца другари, квази фраер, коцкар и хармоникаш кои запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија.

Додека ја чекаме премиерата на филмот, погледнете го трејлерот.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …