Петгодишниот Огнен стана најмалото дете кое стигнало до врвот на Килиманџаро

Огњен Живковиќ од Србија на своја пет годишна возраст го собори рекордот и стана најмалото дете кое стигнало до врвот на Килиманџаро.

Огњен Живковиќ, петгодишно дете, внук на покојната Рачанска легенда Ќокија, внук на покојната Рачанска легенда Дарко, по три часа сон (ненаспаност) тргнал на полноќ на -15 степени целзиусови и утрото го виде изгрејсонцето над црниот континент како новиот најмлад владетел на Африка на нејзиниот престол на височина од 5895 метри.


Тој го собори рекордот на момчето Коалтан Танер од Албакерки, Ново Мексико (САД), кое го искачи Килиманџаро со 6 години полесна патека Лемош за 7 дена. Оги се искачи на Килиманџаро за 6 дена на потешката патека Машаме.

“Помина патека од 23 километри. Потоа ја освои Бељаница. Тогаш сфатив дека е роден за големи предизвици. Бидејќи јас како татко сакам алпинизам и планинарење, решив да го запознаам син ми во тој свет, каде што секогаш сме среќно изолирани од приземните глупости од секојдневниот живот“, изјави таткото на момчето за српските медиуми.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …