Нов начин за отстранување на бигорот: Намирница која може да ви помогне во борбата против нечистотиите

Испробајте намирница за отстранување бигор
Бигорот и ‘рѓата идеално можат да се отстранат со помош на состојка што многу домаќинки ја користат за подготовка на сокови, а тоа е лимонтус.
Често се случува на дното на бокалот за загревање вода да се наталоши бигор, кој не може да се исчисти со обичен детергент. Затоа, во бокалот сипете 1 литар ладна вода и загрејте го додека не зоврие, а потоа истресете 2 кесички лимонтус во зовриената вода.

Промешајте и оставете ја водата целосно да се излади, околу еден час. После тоа, истурете ја водата и исплакнете го бокалот.


Чистење на машината за миење садови и полирање на садовите
За да ја исчистите машината, истурете кесичка лимонтус во преградата за таблети и вклучете ја машината на стандардна програма за миење садови. Ќе се изненадите колку ќе се сјајни садовите и колку ќе биде чиста машината.

Чистење на мијалникот
За блескав мијалник, направете го следново: мијалникот посипете го со сода бикарбона, прелијте го со содржина од една кесичка лимонтус и исцедете половина лимон. Почекајте неколку минути и нежно исчистете со сунѓерче. Исплакнете со вода.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …