(ФОТО) Ќерката на Џон Траволта пораснала во вистинска убавица: Го прослави својот 23 роденден, а еве со што се бави!


Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото се покажа и во случајот со Ела Блу Траволта. Љубовта кон актерството ја наследила од родителите Џон Траволта и покојната мајка Кели Престон, па не е чудно што тргнала по нивните стапки, а освен тоа, изгледот го наследила и од својот татко.

Минатиот викенд миленичката на Траволта го прослави својот 23 роденден во ресторанот „Мастрос“ во Лос Анџелес, а ѕвездата на „Брилијантин“ не сакала да ја пропушти нејзината прослава.
Видно расположениот Траволта пред ресторанот трпеливо давал автограми и позирал со насобраните фанови, додека дежурните папараци се обидувале да ја „уловат“ неговата 23-годишна ќерка.



Убавата Ела Блу на роденденската забава се појавила во црни чизми над колена, носени во комбинација со црн фустан со цветен дезен.

Како што е одамна познато, неговата сопруга Кели Престон, со која имаше три деца, од кои најстариот син Џет почина во 2009 година, ја загуби битката со ракот на дојката во 2020 година. Нејзината смрт ги изненади сите, бидејќи само најтесниот круг на луѓе знаеше за нејзината здравствена состојба.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотографијата на Меланија Трамп го обиколи светот! Првата дама ги запали мрежите, луѓето не престануваат да коментираат…

Фотографијата од Меланија Трамп од погребот на папата Франциско го обиколи светот, а многумина ја …