НЕВЕРОЈАТЕН ИЗНОС – Том Круз е најплатениот актер во Холивуд, еве колку заработува по изговорен збор

Том Круз е најплатениот актер во Холивуд, а земајќи ја предвид неговата заработка во текот на кариерата, објавена е и сумата што ја заработува по изговорен збор.
Актерските вештини на Круз во комбинација со неговата деловна острина и продукцијата на неговите сопствени филмови како „Mission: Impossible“ му овозможија да добие процент од профитот, наместо само фиксна плата, од многу блокбастери во кои тој глумеше – со што се најде на врвот на листата на Најплатените актери во Холивуд.
Помага и податокот дека тој е едно од оние имиња кои прават повеќе за промоција на филмот од сите други карактеристики.
Веб-страницата Casumo известува дека, врз основа на досегашната заработка – со исклучок на продолжението на „Top Gun“ – Круз заработува 7.091 долари по збор, што во значи 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

This image has an empty alt attribute; its file name is tom-kruz-vo-nov-film-jutjub.jpg


Актерите на второто и третото место, Курт Расел и Џони Деп, заработуваат „само“ 5.682 долари и 4.877 долари по изговорен збор. Кога станува збор за актерките, Камерон Дијаз, која сега е во пензија, е „заостанува“ со 4.637 долари по збор.
Casumo не открива точни методи за пресметување на заработката, но ја зема предвид целата кариера на еден актер. Исто така, во пресметките за Круз не е вклучена заработката од филмот „Top Gun: Maverick“ кој излезе минатата година.
„Top Gun: Maverick“ не само што беше еден од најдобрите филмови во 2022 година, туку и еден од најпрофитабилните, со заработка од 1,489 милијарди долари со буџет од само 170 милиони долари. Следствено, заработката на Круз по збор веројатно ќе се зголеми повторно до овој момент.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …