Несекојдневен случај во Италија: Австријка се породила на плажа – не знаела дека е бремена

Туристка која со семејството била на одмор во Италија, се породила на плажа, без претходно да знае дека е бремена.
Криејќи се со своите две деца и сопругот од сонцето во сенка на плажа, 45-годишната Австријка почувствувала дека не и е добро, пишува порталот „Wanted In Milan“.
Жената отишла во тоалет, но нејзината состојба се влошила. Не знаела дека е бремена, но и било јасно дека започнала да се породува.
Таа повикала на помош, а ја слушнале вработените за одржување и безбедност на зоната за капење и ги повикаа медицинските работници преку звучникот, доколку ги има на плажа.


За жал, немало лекар, но меѓу посетителите на плажата имало медицинска сестра, која заедно со спасувачите и со помош на доктор кој давал упатства по телефон, успеале да ја породат Австријката.
Бебето се родило за само неколку минути, пред да пристигне брзата помош.
Момчето и мајката биле итно пренесени во болницата и добро се и покрај тоа што мајка изгубила многу крв.
Се’ се случило на 1 август, а јавноста беше информирана за необичниот настан на плажа дури вчера кога мајката и бебето биле пуштени од болницата, јавуваат италијанските медиуми.
Момчето го добило името Паоло, по телохранителот кој бил првиот што и помогнал на жената.
Паоло е седмо дете на австрискиот брачен пар, кој немал идеја дека очекува бебе кога заминале на одмор во италијанскиот град Католика, недалеку од Римини.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈНАПОРНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Нивната тврдоглавост често излегува на виделина и никогаш не се задоволни со тоа што го имаат

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …