Познатиот индискиот актер Шри Ширанјеви Сарја починал на 39-годишна возраст.
Сарја глумел во околу 20 филмови, меѓу кои и популарниот „Ама, те сакам“, а починал после срцев удар, пренесува Си-Ен-Ен.
“Шокантно е да се слушнат вестите дека славниот уметник од Канада Шри Ширанјеви Сарја починал од срцев удар. Прерана смрт на само 39-годишна возраст е шокантна. Моите молитви се со семејството, Бог нека им даде сила да ја издржат оваа тага”, напишал министер на сојузната држава Карнатака вчера на Твитер.
По веста за неговата смрт, многу негови следбеници на Инстаграм почнале да објавуваат пораки со сочувство под последната фотографија што ја објавил, во која позирашл со својот брат, исто така познат актер таму.
„Трагична загуба за индискат конематографија“, коментирал еден обожавател. „На сите ни недостасуваш“. ”
Бројни индиски sвезди на филмот, исто така, се збогувале со него на социјалните медиуми. „Шокирана сум од веста за смртта на Сарја“, напиша актерката Пријамани. „Никогаш нема да го заборавам неговото насмеано лице“.