Недела на франкофонскиот филм в петок, 15 март

Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на Швајцарија, Романија, Белгија, Албанија, Амбасадата Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар, Амбасадата на Грција и Кинотеката на Северна Македонија, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата. 

Имаме чест да ве поканиме на официјалното отворање на Неделата на франкофонскиот филм в петок, 15 март 2024 год., во 20 часот, во Кинотеката на Северна Македонија, со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика”, на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал, од 2019 година.


 Настанот официјално и со пригодни говори ќе го отворат: Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција и Н.Е. г-ѓа Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија.
По проекцијата на филмот, ќе следува посета на изложбата на македонската уметница Јана Манева-Чупоска и коктел.

 Останатите проекции во рамките на Неделата на франкофонскиот филм се: 


  • Сабота 16 март 2024, 18:00 часот: Проекција на бугарскиот филм „Бескрајна градина” на Галин Стоев (2017)

 

  • Сабота 16 март 2024, 20:00 часот: Проекција на романскиот филм „Слобода” на Тудор Гиуригу (2023)

 


  • Понеделник 18 март 2024, 20:00 часот: Проекција на албанскиот филм „Делегација” на Бујар Алимани (2018)

 

  • Вторник 19 март 2024, 20:00 часот: Проекција на македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот” на Теона Стругар Митевска (2022)

 

  • Среда 20 март 2024, 20:00 часот: Проекција на францускиот филм „Дивертименто” на Мари-Кастиј Мартијон-Шар (2023)

 

  • Четврток 21 март 2024, 20 часот: Проекција на белгискиот филм „Љубезните” на режисерот Оливије Ранже (2022, 1h55)

 

  • Петок 22 март 2024, 20:00 часотЗатворање на филмската недела со грчкиот филм „Ефтихија” на режисерот Ангелос Францис (2019)

  

Сите филмови се со превод на македонски јазик, а за филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.

 

Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката.

 

На следниот линк https://bitly.ws/3fyo4 се наоѓаат подетални информации за филмовите, а во прилог ќе пронајдете покана за манифестацијата и илустрација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …