Не го фрлајте БАЈАТИОТ ЛЕБ: Додајте му ги овие состојки и ќе биде повкусен од свеж!

Наместо да го фрлате, „освежете“ бајат леб.
Ако ви останало уште од лебот од вчера, не го фрлајте.
Бајатиот леб можете да го користите и денес, а со неколку зачини тој дефинитивно ќе биде повкусен од свеж.

Потребни ви се лук, путер, магдонос и загреана рерна.
Изрендајте две чешниња лук, па измешајте ги со претходно стопен путер. Додадете сув зачин по желба (магдонос, оригано или босилек) и добро измешајте.
Исечете го лебот на површината, а подготвената смеса вметнете ја во процепите.
Лебот печете го во загреана рерна неколку минути.
Бајатиот леб повеќе нема да биде сув, туку мек, со крцкава кора и мариниран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …