Научниците развиле батерија која помага во убивање на туморите

Кинеските истражувачи развиле имплантирана и самополнечка батерија која помага да се убијат клетките на туморот со регулирање на микросредината која го поддржува растот на туморот.
Студијата објавена во списанието „Science Advances“ ја опишува батеријата, која, кога се користела во комбинација со органското соединение тирапазамин, го намалила обемот на туморот за 90 отсто во просек во текот на две недели и елиминирала тумори кај четири од пет глувци, известува China International радиото.
Тим од Универзитетот Фудан дизајнирал имплантиран уред кој може да формира циклус на само-празнење за стабилно да троши кислород во туморите на глувците, а со тоа да ја регулира содржината на кислород во туморот и нивото на pH. Студијата покажала дека батеријата може да се користи како ефикасен регулатор на микросредината на туморот за антитуморна терапија, изјавил Џанг Фан, професор на Универзитетот Фудан и еден од авторите на студијата.
Дополнително, не биле пријавени абнормални промени во телесната тежина, кожата и главните органи на глувците за време на третманот. Професорката Сија Јонгјао истакнала дека работата претставува вкрстена студија помеѓу технологијата на батерии и биотерапијата, која не само што обезбедува нов метод за лекување на туморот, туку создава и преседан за батериите во биомедицински апликации.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …