Наскоро би можел да се промени начинот на кој ги полниме батериите на нашите паметни телефони

Се појавија информации за патентот на јужнокорејски Самсунг за бежично полнење на телефоните – новата технологија треба да овозможи полнење на уредот без да има потреба истиот да биде поставен на специјална подлога.

Иако веќе е достапно бежичното полнење, сепак за телефонот „бежично“ да го наполните, ќе мора да го поставите на специјална подлога и да не го помрднувате од таму доколку сакате батеријата да се наполни, што значи дека ваквиот начин не ја нуди слободата каква што корисниците денес ја посакуваат.
Поради тоа, од Самсунг одлучија да одат еден чекор понапред и да развијат технологија која што „буквално“ ќе го полни телефонот бежично.


Самсунг развива „реална бежична“ технологија која ќе овозможи полнење на батеријата на уредите кои што се во иста просторија, без да има потреба од поставување на уредите на некави подлоги за полнење.
Иако во патентот не биле објаснети никави детали околу оваа нова технологија, планот е бежично да се фокусира енергијата кон уредот кој што ќе сака корисникот да го наполни, при што ќе се користат посебни панели кои ќе ги насочуваат сигналите околу луѓето и другите препреки во просторијата.

Ова значи дека сопствениците на паметните телефони на Самсунг ќе можат да ги носат своите телефони низ просторијата во која што ќе се наоѓа уредот за бежично полнење и батеријата на нивниот телефон автоматски ќе се полни.


Со оглед на тоа што станува збор само за патент, не е познато дали Самсунг навистина ќе претстави конечен производ базиран на овој патент, па можеме само да се надеваме дека во блиска иднина ваков или сличен уред ќе се најде на пазарот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …