Нашата хуманост е на потег: Да му помогнеме на Томе Јанев!

Томе Јанев е младо момче (29 години) од Струмица, кое неодамна се соочи со дијагноза, болест на моторниот неврон или ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis).

Ова младо дете беше активен фудбалер од својата најрана возраст во македонските клубови Силекс, Брегалница, Кожуф, Хоризонт Турново и матичниот клуб Беласица. Љубителите на фудбалот во Кратово многу добро се сеќаваат на него, кога пред неколку години одигра одлични мечеви во дресот на Силекс и остави прекрасен впечаток и како играч и како човек.


2019 ја започнавме со лоша вест за здравствената состојба на Томе. На 29-годишниот струмичанец му беше дијагностицирана ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis), болест на моторниот неврон. Болеста е во почетна фаза, но доколку не му се помогне навреме, последиците од неа може да бидат катастрофални, преку целосна атрофија на мускулниот систем.


Вашите молитви и поддршка може да одат далеку во помагањето на семејството Јаневи во нивната борба. Да донираме неколку долари значи само оброк за некои од нас, но тоа може да значи да се врати животот на некој друг. Почитувани сите ние можеме да разбереме колку е важно да се има поддршка во време на тешкотија и мака. Ајде сите да се собереме и да му помогнеме на семејството Јаневи и да ја покажеме светлата страна на човештвото.


За лекување на Томе Јанев му се потребни 160.000, а досега се собрану 10.000 долари.
Како се одвива акцијата за помош на Томе Јанев на оваа страна можете да следите на овој ЛИНК.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …