Наместо климатолошка пролет температури и’ до – 20 °C

Под влијание на циклонска активност и на НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНА воздушна маса од Арктикот во државава и понатаму на повеќе места ќе има врнежи од снег со променлив интензитет додека снежната покривка и понатаму ќе се зголемува.

Овој поларен бран својот максимум ќе го достигне токму во четврток кога стартува климатолошката пролет.Поради ветерот кој ќе го имаме со слаб до умерен интензитет понекаде ќе има појава на снежни наноси.Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 2 степени.


Поради разведрувањето на повеќе места кое ќе се случи ноќта среда кон четврток ќе услови невообичаено ниски и сибирски температури на воздухот кој на многу места ќе се спуштат под -10 степени и истите во четврток наутро ќе се спуштат во интервалот од -17 до -8 степени додека на некои места истите е можно да се спуштат дури до околу -20 степени додека на високите планини и под -20 степени.

Поради ваквата ситуација и тоа како ќе има појава на голомразица па така на возачите им препорачуваме КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО да управуваат со своите возила со цел да не дојде до некоја несакана ситуација, најавуваат од meteomax.mk.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …