НАЈНОВИ ОТКРИТИЈА – Алек Болдвин можеби ја убил снимателката со рециклиран куршум

Досега против никого не е поднесена кривична пријава. Двајца членови на придружниот тим покренале граѓанска тужба во врска со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание. Болдвин рекол дека неговото срце е скршено и дека соработува со истражителите.
Истражителите кои работат на случајот со несреќата за време на снимањето на „Раст“ ја истражуваат можноста дека рециклирана муниција била пронајдена во кутија со маневарска муниција, покажуваат судските документи објавени вчера.
За време на снимањето на филмот, снимателката Халина Хачинс беше убиена на 21. октомври, а режисерот Џоел Соуза беше ранет откако актерот Алек Болдвин испука пробен истрел од пиштол. Судските документи вклучуваат и налог за претрес на локалната продавница за муниција и филмските реквизити.
Сопственикот на продавницата и рекол на полицијата дека се сомневал дека куршумите, кои биле пронајдени на филмскиот сет, всушност биле рециклирана муниција што ја добил од пријател. Но, сепак главното прашање останува како вистински куршум наместо маневарска муниција завршил во пиштолот.
Досега против никого не е поднесена кривична пријава. Двајца членови на придружниот тим покренале граѓанска тужба во врска со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание. Болдвин рекол дека неговото срце е скршено и дека соработува со истражителите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …