Поминаа речиси десет месеци од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, а неговите најголеми обожаватели секојдневно се дружат во Фејсбук групата „Đotovi“, во која членуваат повеќе од 55. илјади луѓе.
Официјалниот фотограф на Балашевиќ, Петар Киршнер од неодамна е активен во групата. Тој во групата објави седумдесетина фотографии од концерти и дружење со легендарниот кантавтор. Дел од нив се прв пат прикажани во јавноста.
– Она што отсекогаш ми беше фасцинантно е што секој концерт беше тотално различен, особено „Календар мог дјетињства“, значи на секој настап тој го кажуваше истото сосема поинаку и секој пат беше исто напнато и интересно. Овие концерти можеа да траат и до 4 часа, тој не мрдаше од сцената, зборуваше, пееше и уживаше. Во една прилика, мислам дека беше во Копривница, една жена од првиот ред сакаше да оди во тоалет, тој ја прекина приказната и беше толку налутен (се разбира на негов начин) па госпоѓата многу брзо се врати во своето место, изјавил фотографот за „Index .hr“.

