Најдобрите руски филмови за космосот

Вечерва во Рускиот центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, по повод денот на космонаутиката, ќе бидат презентирани најдобрите руски филмови во кои главната тема е космосот.

Дали знаете дека првиот руски филм на оваа тема е снимен пред точно 100 години? Знаете ли кој е најгледаниот руски „вселенски“ филм? И колку чинат овие филмски “деликатеси“? За сево ова ќе се зборува на ова предавање во Рускиот центар при УКИМ.


Земете со себе и УСБ, можеби ќе сакате да изгледате некој од овие филмови во удобноста на Вашиот дом, а ние со задоволство ќе Ви помогнеме, велат од Рускиот Центар во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …