НАДЕЖ ЗА СВЕТСКАТА НАУКА: ЕМА ДОНЕВ, МЛАДАТА НАУЧНИЧКА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО САКА ДА СТАНЕ АСТРОФИЗИЧАРКА, А СИТЕ НИЕ МОЖЕМЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИТЕ СОНИШТА

https://server2.global-net.com.mk:2083/cpsess4589929706/frontend/paper_lantern/email_accounts/index.html#/list

Македонското девојчево овој момент е во самата завршница само со натпреварувач од Северна Америка, а гласањето трае уште 2 дена!

Тинејџерските години се период на разни предизвици, но и на важни животни одлуки, како што е и одговор на прашањето“Што сакам да бидам кога ќе пораснам?“. Некои ја носат оваа одлука порано, некои покасно, додека Ема Доневзнае што сака да стане уште одамна – астрофизичарка. Многумина ќе се сложат дека нејзината амбиција е невообичаена, а младата надеж за светската наука со своите 14 години има голема шанса да ја исполни својата најголема желба во која сите ние можеме да и помогнеме.


Ема, млада научничка со македонско потекло, еединствена натпреварувачка од континентална Европа која има можност да ја освои престижнатанаградаBreakthrough Junior Challenge. Оваа награда се доделува во рамки на годишен натпревар кој го стимулира креативното размислување за науката. Наменет е за средношколци на возраст од 13 до 18 години, а една од задачите е да се пријават со поднесување на видео во кое објаснуваат теоретски концепт од областа на науката, физиката или математиката. Доколку победи, Ема ќе освои стипендија за посакуваниот факултет во износ од 250 000 долари, како и реновирање на училиштето во кое учи во износ од 100 000 долари. Победничката или победникот на натпреварот ќе назначат и наставник кој бил инспирација и поттик за насочување кон науката, а наставникотќе биде награден со дури 50 000 долари.

Во рамки на овогодинешниот натпревар, учество заземаа повеќе од 2.400 кандидати од целиот свет. Во полуфиналето се пласираа 30 учесници со своите видеа, одбрани од стручното жири, а меѓу нив е и Ема. Сите видеа се објавени на Фејсбук(Facebook) и ЈуТјуб(YouTube), а влез во финалето ќе добие оној кој собере најмногу “лајкови“ на објавените видеа – ина Facebook” и на YouTube”Финалето ќе се одржи во Сан Франциско, а во рамки на настанот познати светски научници ќе одберат победничка или победник.


Како можеме да и помогнеме на Ема во остварувањето на нејзините соништа?

Едноставно – потребно е само да кликнете“Like“ на Фејсбук видеото:


https://fb.watch/fuDehIl7gf/, како и на ЈуТјуб видеото: https://www.youtube.com/watch?v=ynVnb8jExbQ, најдоцна до

20.09.2022 до крајот на денот.

Ема во моментов е во напната завршница со младиот физичар Абел од Северна Америка, чиј број на гласови значајно расте од ден во ден, а со тоа темпо ќе го заземе првото место на кое моментално се наоѓа Ема. Затоа, тука сме ние да му помогнеме на ова македонско девојче да ги исполни своите соништа.

Повеќе информации за годишниот натпревар можете да дознаете на:https://breakthroughjuniorchallenge.org/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …