На ШВАЛЕР му се заканува затвор: Се сликал со БРЕМЕНАТА љубовница, жената тоа го забележала, а потоа се случил шокантен пресврт

Се било во ред додека бесната сопруга не се појавила во коментарите на Фејсбук
Кубанецот Џамил Марфил и Мексиканката Викторија Кабрера пред некој ден на Фејсбук објавиле дека наскоро ќе стапат пред олтар и потоа ќе го пречекаат бебето. По тој повод направиле свечена фотосесија, но она што на прв поглед изгледало како прослава на една сосема обична љубов, се претворило во вистинска драма.
Имено, се’ било во ред додека во коментарите не се појавила Хулика Новело Кастро, жена доста важна за оваа приказна бидејќи е легална сопруга на Џамил.
Дека нејзиниот сакан Џамил повторно се жени дознала благодарение на популарната социјална мрежа, каде што ги известила заинтересираните дека таа веќе има две деца со разиграниот Кубанец, пренесува порталот „Јукатан“.
Тврдела и дека ја лажел, дека и рекол дека оди на службен пат во Текакс, а потоа на споменатата социјална мрежа се појавил нов скандал поврзан со парот.
Имено, бидејќи Кабрера има отворен профил, љубопитните забележале дека очигледно сестраната Мексиканка во ноември 2021. година ја објавила радосната вест дека чека бебе, но со сосема поинаков маж, Херардо Руиз.


– Денеска не посети штрк кој ни кажа дека наскоро во нашиот дом ќе пристигне убавиот плод на нашата голема љубов. Ќе бидеме родители, толку сме возбудени – се пофалила таа пред само осум месеци, за да ја вклучи и роднината на Руиз во преписката на Фејсбук.
– Да, таа излегуваше со мојот братучед. Уште во август 2021. година се пофали дека ќе се омажи за него. Таа избрзала со свадбата, уверувала дека е бремена, но потоа пријавила дека го изгубила бебето и исчезнала без трага. Досега не знаевме дека е бремена, туку дека нејзиниот партнер е сосема друга личност – додала таа.
Сопругата на Марфило, пак, напишала дека нема намера да го бара и дека се чувствува благословена што тој повеќе нема да биде дел од нејзиниот живот, додека Кабрера објавила видео во кое напишала дека, што се однесува до неа, светот може да гори се додека тие и бебето се добро.
Приказната ја заклучил адвокатот Хавиер Чавез, кој потврдил дека Марфило не може да биде во два брака истовремено и дека според мексиканските закони му се заканува затворска казна од пет години. Ако, пак, сегашната сопруга му се разведе, му се заканува да го изгуби државјанството и да биде протеран од Мексико.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …