На ЛОТО освоиле вила од 3 милиони фунти, па решиле да ја напуштат: „Не е тоа за нас!“

Двојка од Лестер, Англија, која купила лото тикет од 25 фунти и освоила прекрасна вила вредна речиси три и пол милиони фунти, по само неколку недели решиле да ја продадат за четири милиони фунти.
Веруваат дека не се вклопуваат во новата богата средина, а трошоците за одржување им се превисоки.
Утам Пармар (58) и неговата сопруга Раки (53) се просечен пар од Лестер. Пред околу два месеци, тие купиле лото тикет и освоиле луксузна куќа во Падстоу, Корнвол, заедно со 5,3 хектари земја, а меѓу нивните соседи има голем број познати личности, како Гордон Ремзи.

This image has an empty alt attribute; its file name is familija-aprmar.png
Вилата станала сопственост на Пармарс во август – без хипотека, со покриени сите даноци и правни такси, а парот исто така добил и 50.000 фунти во готово за покривање на трошоците за преселување и сместување.
Но, нивниот ентузијазам траел кратко, бидејќи по осум недели решиле да ја понудат куќата на продажба за еден милион повеќе од проценетата вредност.
„Тоа не е за нас. Долго време живееме во Лестер и тука сме совршено среќни. Не ни треба вила од 4. милиони фунти. Задоволни сме со нашата куќа од црвена тула и сакаме да останеме во мирниот град на Appleby Magna во Лестершир“, рекол Пармар.
„Тоа е одлична куќа на прекрасна локација, но едноставно не се вклопуваме во новата средина на богатите луѓе кои живеат таму, а трошоците за одржување се огромни и не можеме да продолжиме. Размислувавме да се преселиме таму, но сфативме дека е премногу скапо“, изјавил Утам за Daily Mail, објаснувајќи дека има намера да ги вложи парите од куќата во купување земјиште или помал имот.


This image has an empty alt attribute; its file name is prodadena-vila.jpg
Пред да одлучат да го продадат имотот, Пармари таму поминале краток одмор, но на крајот дошле до заклучок дека треба да се напушти. Утам работи како оперативен менаџер 18 години и претходно учествувал во наградни игри, но само оваа наградна игра му донела голема победа.
„Досега имам освоено неколку работи како телевизор и масичка за кафе, но не ни сонував дека ќе освојам нешто толку неверојатно како оваа куќа“, рекол тој. Луксузниот имот ја освоил наградата за најдобра еколошка нова градба во Корнвол за 2020. година, а локалните агенти за недвижнини проценуваат дека може да се изнајмува за 15.000 фунти месечно во шпицот на сезоната.

Фото: Принтскрин/TheSun


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …