СИГУРНО веќе многу пати сте слушнале дека ноктите се одраз на вашето здравје. Тие откриваат дали сте под стрес, дали внесувате доволно витамини и минерали во телото и дали можеби патите од некоја болест. Меѓу другото, жените сакаат нивните нокти да изгледаат негувани и привлечни, па редовно ги средуваат дома или во козметички салони.
Покрај обичните лакови во боја и францускиот маникир, се почесто се користат гелови и трајни лакови кои нудат безброј различни бои и украси. Но, веројатно не сте знаеле дека тие можат да сокријат многу здравствени состојби, вклучително и една болест која, ако не се лекува навреме, може да биде фатална.
Имено, станува збор за меланом кој се јавува токму на ноктите, а доколку носиме лакови или гелови, не можеме навреме да го забележиме, што може да биде многу опасно. Меланомот на ноктот не е вообичаен и спаѓа во акролентигинозните форми на меланом, а најчесто изгледа како темна дамка под ноктот која упорно не исчезнува или грутка со необичен облик.
Што точно ја поттикнува појавата на овој редок вид на меланом се уште не е научно утврдено, но докажана е информацијата дека најчесто се јавува токму кај оние пациенти кои често користеле УВ ламби соцел за гелирање на ноктите.
Што велат дерматолозите?
Крис Г. Адигун, еден од водечките светски дерматолози, предупредува дека УВ ламбите никогаш не биле доволно истражени. Имено, научниците дури неодамна ја забележале нивната штетност и се’ почесто предупредуваат дека нивната употреба треба да се намали или целосно да се укине.
Истражувањата покажало дека само 12. посети во козметички салон може да бидат доволни за да се зголеми ризикот од сериозно оштетување на ДНК, а освен рак на кожата, забележани се и претходно споменатите случаи на меланом на ноктите. Дерматологот Адигун препорачува да се користат специјални заштитни ракавици или креми со висок заштитен фактор при изложување на рацете на УВ ламби.
Фото: Архива