На денот кога требаше да го прослави својот 73-ти роденден се сеќаваме на нашиот познат актер Ванчо Петрушевски

Ванчо Петрушевски е роден во Скопје на 19 април 1951 година. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа во Скопје, отсек за глумечки кадри, во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент дошол до израз веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ. Исто така, учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии итн.

Награди:


  • Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски
  • Најпопуларно ТВ-лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година
  • Награда за најдобро глумечко остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“
  • Награда за најдобро глумечко остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ — Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Душан Ковачевиќ
  • Државна награда 23 Октомври за остварување во областа на културата и уметноста во 2016 година
  • Награда “11-октомври” 2016 година

Починал во Скопје на 25 август 2018 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …