На денешен ден е родена нашата диригентка и пијанистка Сања Пановска Миланова

Сања Пановска Миланова е родена на 16 февруари 1978 година во Сараево. Таа е македонска диригентка и пијанистка.

Сања Пановска Миланова го започнала своето музичкото образование во Сараево. Во 1990 година, освоила прво место на детскиот југословенски фестивал „Децата пеат хитови“ во Нови Сад.


Во 1992 година со семејството се преселила во Скопје. Дипломирала пијано на инструменталниот отсек при Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професор Зоран Пехчевски. Магистрирала хорско диригирање во класата на професор Сашо Татарчевски.

Во периодот од 2015-2016 година, Сања Пановска Миланова го водела мешаниот хор „Кочо Рацин“, а од 2017 година, го основала и го води џез хорот „Артизан“. Со мешаниот хор „Кочо Рацин“ настапиле на меѓународниот хорски фестивал во Тетово „Техо“, на „Карпошово лето“, а одржале и неколку целовечерни самостојни концерти, меѓу кои и јубилејниот концерт на „Кочо Рацин“, 70 години од постоењето. Со мешаниот џез хор „Артизан“ првиот јавен настап го имала на 13 октомври 2017 година, со премиерна изведба на „Миса на изгрејсонцето“ од Ола Јеило, во Музеј на Град Скопје.


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и ѝ го честита роденденот на Сања Пановска Миланова.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Верица Пандиловска !!!

Верица Пандиловска е родена на 13 мај 1973 година во Тетово. Таа завршила нижо музичко …