На денешен ден е родена нашата актерка Трајанка Илиева

Трајанка Илиева е родена на 11 декември 1980 година во Скопје. Таа е македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Илиева во 2006 година дипломирала на Факултетот за Драмски уметности – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а од 2007 година се вработува како глумец во Драмски театар Скопје. Реализира неколку главни и споредни улоги, не само на сцената на матичниот театар, туку и на други театарски сцени во Македонија. Таа е ќерка на познатиот актер Диме Илиев.


Во брак е со актерот Дарко Велиќ.

Поважни театарски улоги: Калина (Ладало, 2006); Актер (Сите лица на Петре М. Андреевски, 2008); Елена (Сон на летната ноќ, 2008); Харпер/ Мартин (Ангели во Америка, 2009); Ифигенија од Турција (Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот, 2012); Собарката (Вртелешка, 2012); Пандора (Солунски патрдии, 2013); Кети (Евангелие на глупоста, 2014); Амелија ( Ждрело, 2014); Капетанот Фокс Џонсон (Капетанот Џон Пиплфокс, 2014); Лошата кралица (Снежана и седумте џуџиња, 2016).


Среќен роденден Таци, ти посакува редакцијата на Екран.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …