По Солунскиот филмски фестивал, регионална премиера на филмот „Кафе“ на осудениот ирански режисер Навид Михандост

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ се приклучува на Солунскиот филмски фестивал и на Меѓународната Коалиција за филмски автори во ризик изразувајќи искрена и недвосмислена поддршка за иранскиот перспективен и талентиран филмски автор Навид Михандост, кој на 20-ти август оваа година беше уапсен во Иран за да отслужува тригодишна затворска казна.

Имено, во јануари 2021 година, исламскиот суд во Техеран за специјални злосторства, за поттикнување на насилство или за обид за соборување на исламската влада, донесе пресуда со која изрече казна од 3 години и 6 месеци врз основа на обвиненијата за „дејствување против националната безбедност“ и „пропаганда против режимот преку истакнување на пароли“.


Коалицијата реагира на овој случај на прогон, закани за личната безбедност или слобода на филмските работници кои се изложени на ризик како резултат на нивната работа и ќе го брани нивното право да продолжат со својата работа, преку мобилизирање на меѓународната филмска заедница.

Неправедните обвиненија на Навид произлегуваат од документарниот филм што тој го направи во 2009 година, фокусиран на професионалниот живот на Масих Алинеџад (иранска новинарка и активистка за правата на жените). Филм кој никогаш не беше објавен.


Во таа чест специјалната програма на Киненова која ќе се одвива во Кинотека на Македонија, на 16-ти декември ќе биде отворена со најновиот филм на Навид, „Кафе“, кој е сниман во вонредни и исклучитено тешки услови, во период додека тој вешто успеа да го избегне прогонот во неговата земја.
Ова ќе биде регионална премиера на филмот или второ прикажување воопшто во светот, по светската премиера во Солун.

Во периодот кога Навид беше ослободен со кауција и чекаше да му биде изречена казната, тој самостојно и независно го сними овој долгометражен филм на кој работеше многу напорно и конечно го продуцираше со ограничен буџет и волонтерска помош на неговите пријатели.


Приказната за „Кафе“ е слична на она што му се случи на Навид во Иран. Тој е ослободен со кауција, но во исто време со барање од иранските безбедносни авторитети да соработува со нив за посредно да им обезбеди информациии за новинарката Масих Алинежад под изговор дека ќе снима нов филм за жени.

Сепак, Навид не соработуваше, туку играше со судскиот систем за да си купи малку време за да го сними овој филм, кој беше еден од неговите соништа да ги прикаже неправдите што се случија во неговата земја.

Инаку ова е втор долгометражен филм на Навид, не сметајќи го документарниот филм кој никогаш не беше прикажан.

СИНОПСИС:
Парадоксален сон излегува од длабочините на филмографијата на Кишловски, што го разбудува осудениот ирански режисер Сохраб, кој, на кого му е забрането да снима филмови, ги поминува деновите во локално кафуле. Меѓутоа, барањето на една млада жена да прикаже настап во живо во кафулето доведува до нови компликации, што дополнително го оптоварува неговиот и онака проблематичен брак и ги зголемува тензиите со властите, кои бараат „сочни“ информации во замена за полесен живот. Преку автобиографскиот „Кафе“, Навид Михандуст нè поканува да уживаме во новиот и несомнено неконвенционален спој на иранската кинематографија, со долготраен вкус на сатирична критика насочена кон длабоко конзервативниот и репресивен режим на неговата татковина. Неповратно кинефилична камерна драма и бескомпромисен протагонист кој потсетува на Нани Морети, со остра смисла за хумор наспроти сето она што е системски ирационално.
Навид сега е во затвор во Техеран, главниот град на Иран; каде од 20-ти август годинава, почна да ја отслужува тригодишна затворска казна. Навид, првично беше уапсен во 2019 година, тој претрпе два месеци сослушувања во Одделението 209 на затворот Евин. Потоа, беше привремено пуштен со кауција до завршување на судскиот процес. Во јануари 2021 година, Револуционерниот суд на Техеран донесе пресуда, со која изрече казна од 3 години и 6 месеци врз основа на обвиненијата за „дејствување против националната безбедност“ и „пропаганда против режимот преку пишување пароли“.
За време кога Навид беше ослободен со кауција и чекаше да му биде извршена казната, тој самостојно и под земја го сними овој долгометражен филм „Кафе“ на кој работеше многу напорно и конечно го продуцираше со ограничен буџет и волонтерска помош на неговите пријатели.
Покрај филмот „Кафе“ на Навид Михандост, специјалната програма на Киненова за декември ќе ги вклучува и наградените филмови на осмото издание на фестивалот: шпанскиот филм „20 000 видови на пчели“ на Естибалиц Уресола Солагурен кој ја доби специјалната награда на жирито на фестивалот Киненова, украинскиот „Клондајк“ на Марина Ер Горбах кој ги доби наградите за најдобро сценарио и најдобра режија на МФФ Киненова 2023 и „Фатална жена“ на Сем Фринам ин Нг Чон Пинг.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …