На денешен ден е роден познатиот македонски композитор Панде Шахов

Панде Шахов е роден на 29 јануари 1973 година во Скопје. Музичката едукација ја започнува во Скопје. Првите часови по композиција ги добива од композиторот, aкадемик Ристо Аврамовски. Подоцна студира на Факултетот за музичка уметност во класата на Томислав Зографски, каде што и дипломирал во 1997 година. Магистерски студии завршува во Лондон (стипендист на Британскиот Форин Офис), на Кралскиот колеџ за музика во класата на Џулијан Андерсон. Во 2013 година докторирал на Кралскиот лондонски универзитет под менторство на Филип Кашин.

Во последните години развива плодна активност и како концертен организатор, координатор на семинари и работилници и како диригент на современа музика. Од 2013 година е ангажиран како уметнички директор на Фестивалот Фарнам во Сари (Франција). Живее во Англија и работи како професор на Кралскиот колеџ за музика во Лондон.


Во неговата камерна и оркестарска музика има влијанија од импресионизмот и доцниот романтизам, но и од македонскиот музички фолклор. Шахов е член на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).

Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Панде Шахов.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …