На денешен ден е роден поетот, есеист и преведувач Ристо Василевски

Ристо Василевски е роден во Наколец, Преспа на 31 јануари 1943 година. Тој е истакнат македонски поет, есеист, критичар, антологичар, преведувач, член на МАНУ надвор од работниот состав (2006).

Основно училиште, од прво до четврто одделение завршил во с. Наколец, од петто до осмо во с. Љубојно, а средно техничко училиште, градежна насока, во Скопје. Вонредно студирал на Градежниот факултет во Суботица.


Во Пожаревац активно се вклучил во книжевниот живот и воспоставил плодна соработка со списанието „Браничево“ и весникот „Реч народа“, во кои објавил серија книжевни прилози. Во август 1969 година се преселил во Смедерево. Во него го основал Книжевниот клуб „Смедерево“ и станал негов прв претседател; го покренал угледниот Меѓународен фестивал на поезија „Смедеревска песничка jeсен“ („Смедеревска поетска есен“) и станал негов долгогодишен директор, уметнички директор и главен и одговорен уредник на издавачката дејност; го втемелил југословенскиот Фестивал на детско книжевно творештво „Извор живе речи“ („Извор на живиот збор“) во Колари кај Смедерево, и го покренал младинскиот весник „Сутра“ („Утре“) – станал негов главен и одговорен уредник. Во градот Смедерево и во Србија бил ангажиран и во многу други книжевни, издавачки и културни дејности. Бил уредник на повеќе списанија за книжевност, уметност и култура, а бил уредник и на најугледниот српски литературен весник „Књижевне новине“ од Белград, уредник на литературното списание „Моне Ауреус“ од Смедерево и член на Одборот на Меѓународниот фестивал „Смедеревска поетска есен“ и на меѓународните „Белградски книжевни средби“. Од 1993 година е сопственик, директор и главен уредник на угледната издавачка куќа „Арка“ од Смедерево.

И како директор на Меѓународниот фестивал „Смедеревска поетска есен“, и како сопственик и главен и одговорен уредник на ИК „Арка“, Василевски посебно внимание й посветувал на современата македонска книжевност. За време на постоењето на „Смедеревска по¬етска есен“ не се случило учеството на македонските поети да не биде најмногубројно. На симпозиумите учествувале: академиците Димитар Митрев, Милан Ѓурчинов, Гане Тодоровски, Георги Старделов, Александар Спасов и Катица Ќулавкова, и повеќе истакнати македонски критичари и есеисти. Книжевниот летопис на Ристо Василевски започнал со објавувањето на неговите први песни во весникот „Нова Македонија“ (1960). Оттогаш редовно соработувал во речиси сите позначајни весници и списанија што излегувале во Македонија, во поранешна Југославија, и надвор од неа. Неговата библиографија има над 3.000 био¬библиографски единици.


Преселувањето во Србија влијаело Василевски да почне да пишува и на српски јазик, така што со книга на тој јазик дебитира во 1968 година, објавувајќи ja стихозбирката „Шапутања“ („Шепоти“), со која го свртел вниманието на југословенската книжевна јавност. Во истата година, на општојугословенскиот конкурс за необјавени кни¬жевни дела, чиј претседател на жири-комисијата бил истакнатиот српски критичар, есеист и антологичар Зоран Глушќевиќ, Василев¬ски ja доби првата награда за поезија „Ѓуро Салај“. Наградениот поетски ракопис под наслов „Временија“, преведен од македонски на српски јазик, го објавил во 1970 година. Оваа стихозбирка на повеќе српски критичари им послужи за правење анализи и споредби меѓу нејзината вредност и вредноста на поетските книги на српските по¬ети што тогаш се објавувале во Србија. Тоа бил повод Василевски да биде примен во Друштвото на писателите на Македонија, а малку подоцна и во Здружението на писатели на Србија.

Со поетска книга на македонски јазик Василевски дебитира со стихозбирката „Толкување на патот“ (1973). Зад неа следеле уште 17 стихозбирки, детски книги, антологии, и аудио касети на македонски јазик и уште 18 поетски книги, романи, антологии и монографии на српски јазик. Тие на Василевски му обезбедиле трајно место не само во македонската и српската книжевност, туку и пошироко – Василевски е виден учесник на многу домашни и меѓународни книжевни средби на кои добивал и повеќе значајни домашни и меѓународни награди и признанија. Според МАНУ, поезијата на Василевски е преведувана на над дваесет странски јазици.


Редакцијата на Екран ја користи оваа прилика и му го честита роденденот на Ристо Василевски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …