(ФОТО) Пиел шест енергетски пијалоци дневно: „Хемикалиите ми го изедоа јазикот!“

Австралијанец објавил фотографија од својот оштетен јазик бидејќи сакал, како што тврди, да предупреди на опасноста од конзумирањето на енергетски пијалоци. Пиел до шест такви појалоци дневно
Откако секојдневно пиел најмалку шест енергетски пијалаци, учителиот Ден Ројалс покажал што таквата навика му направила на неговиот јазик, пишува “Metro”.
Во Фејсбук групата “Get It Off Your Chest” објавил фотографија од својот јазик на која се гледа како ткивото на некои места е многу нагризано.
“Кој сѐ уште пие енергетски пијалаци? Зависни сте од нив. Размислете малку за тоа. Добро погледнете ја оваа фотографија, еве што ви прават тие на јазикот. Замислете што се случува со внатрешните органи”, напишал Ден.


Додал и дека промените на јазикот ги забележал откако некој период пиел по шест енергетски пијалаци дневно. Кога посетил доктор, дознал дека хемикалиите од енергетските пијалаци буквално го нагризале неговиот јазик.
Иако Ројалс не објаснил како точно дошло до ова, познато е дека забарите предупредуваат на штетните последици на големата количина на шеќери во енергетските пијалаци врз оралното здравје.


“Студијата спроведена во САД покажува дека киселината и големата количина на шеќери во енергетските пијалаци можат да предизвикаат кариес”, наведува “World Health Organization”.
Во неговиот случај, тврди, аминокиселините, Б витамините и растителните надоместоци буквално му го „изеле“ месото, пишува Daily Mail.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …