На денешен ден е роден македонскиот актер Благоја Чоревски

Благоја Чоревски е роден на денешен ден во 1947 година во Велес. Тој е македонски актер, режисер и општественик. Тој е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и глумицата Ратка Чоревска. Неговиот брат Борис Чоревски е познат битолски глумец.

Чоревски завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член е на Драмскиот театар од 1971 година. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Република Македонија од 1988 до 2001 година, како и претседател на Советот на Град Скопје.


Настапувал во театарски проекти, на естрадата, на филм и на ТВ. Добитник е на голем број на награди, како во поранешна СФРЈ, така и во Македонија.

Среќен роденден Благоја Чоревски ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …