Уште 6.222 евра јa делат Луна од саканата и итна операција

Нашата мала хероина Луна Поп-Костова од Гевгелија е на чекор до својата среќа – да замине на толку потребната и итна операција за подобрување на нејзиното здравје

Нашата мала хероина Луна Поп-Костова од Гевгелија е на чекор до својата среќа – да замине на толку потребната и итна операција за подобрување на нејзиното здравје.


Од потребите 64.000 евра за таа намена, после многуте одржани хуманитарни акции а Луна, остана необезбедена сума од 6.222 евра.

Се молат добрите луѓе и денеска да свртат на донаторските броеви на телефонските оператори и да донираат 100 денари за надеж, за спас на Луна.


По вчерашната објава на мајката на Луна, Елена Поп-Костова дека хуманата мисија не е завршена, недостасуваат уште 10.000 евра за целиот потребен финансиски пакет за уплата за закажување на операцијата во Турција, денеска за непони 21 час собрани се 3.778 евра од нашинците низ светот, преку меѓународната донаторска платформа „Go Fund Me“.

ЛУНА (во значење на името месечина) поради сколиозата која е во напредна фаза, има искривување на целиот р’бетен столб кој ја поместува скелетната структура и притиска врз органите, најповеќе врз белите дробови. Поради тоа и самата Луна, иако во инвалидска количка не може ниту да седи, ниту да оди, ниту да лежи исправено. Загрозено и’ е дишењето и час поскоро е потребна операција.


Оваа мала душа месечинка моли со насмевка за СПАС.

Свртете на донаторските броеви:
А1 – 143 – 478
Т-мобиле 143 – 104
GoFundMe: https://gofund.me/c9a51403

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …