На 12. мај јубилејна 25. Златна Бубамара на популарноста – „Да живнеме!“

25 Златна Бубамара на популарноста- под мотото „Да живнеме!“ на 12 мај во aрена „Борис Трајковски“.
Ви го испраќаме и првиот проглас од овогодишната манифестација:
Дојдете да живнеме !!!!
Почитувани љубители на добра забава, нормални цнеи и евтина тарифа на струја, цените скокнаа, платите останаа исти, само Златна Бубамара ви порачува – Дојдете да живнеме!!!
Поо се што поминавме конечно доаѓаат и убави времиња – да се развеселиме, да запаееме и да се насмееме – (сега) конечно можеме да живнеме!

This image has an empty alt attribute; its file name is zlatna-buba-mara-1.jpg
Доаѓа настанот што го чекаме две години.
25. јубилејно издание на „Златна Бубамара на попларноста“.
На 12 мај во арената „Борис Трајковски“
Дојдоа и такви убави времиња кога полесно се доаѓа до две карти за Златна бубамара отколку до две шишиња зејтин
Наместо да кивнеме-време е да живнеме


This image has an empty alt attribute; its file name is zlatna-buba-mara.jpg

Бакшишот чувајте го за крај!
Билетите за Златна Бубамара ќе бидат пуштени во продажба на 29 април


Најпопуларната и најочекуваната манифестација „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“, по 2 години повторно се враќа во живо во „Борис Трајковски“ под слоганот „ДА ЖИВНЕМЕ!“
Најбараната информација во овој момент е кога ќе започне продажбата на билети за големиот музичко-културен настан, кој се оддржува на 12 мај.
Од Штабот на „Златна Бубамара“ најавуваат дека билетите ќе бидат пуштени во продажба во петок, на 29 Април, точно напладне, воо 12 часот преку он-лајн продажба на www.karti.com.mk и во Цвеќара Розе – во „Веро 2“.
ДОЈДОА И ТАКВИ УБАВИ ВРЕМИЊА КОГА ПОЛЕСНО СЕ ДОАЃА ДО 2 КАРТИ ЗА ЗЛАТНА БУБАМАРА ОТКОЛКУ ДО 2 ШИШИЊА ЗЕЈТИН.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …